Connect with us

Фудбал

Симеоне: Никогаш нема да го донесам својот син

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне во интервју за „АС“ зборуваше за настапот на својот син Џовани за репрезентацијата на Аргентина.

Џовани Симеоне има 23 години, настапува за Фиорентина и против Гватемала го одигра својот прв натпревар за Аргентина во кој постигна еден гол во победата од 3:0.

Диего Симеоне е горд на својот наследник, но порача дека никогаш не би го донел во својот клуб.

„Гго гледав тој натпревар во хотелот и бев исклучително возбуден кога го видов во дресот на Аргентина. Сите знаат колку ја сакам својата земја. Џовани стана одличен играч, има се што е потребно за да игра во мојот тим, но никогаш нема да го донесам“, изјави Диего Симеоне без никакво дополнително објаснување.

Џовани кариерата ја започна во Ривер Плата во 2013. година. После три години во Аргентина, Џовани потпиша за Џенова, а денеска е член на Фиорентина.