Connect with us

Ракомет

Симовски повика 19 ракометарки за „Трофеј Карпати“

Селекторот на македонската репрезентација Симе Симовски денеска го објави списокот со повикани ракометарки за настап на претстојниот турнир во Романија.

На „Трофеј Карпати“ во рамките на неделата на ЕХФ за жени Македонија ќе игра со домаќинот Романија, Бразил и Полска.

На списокот на Симовски се наоѓаат:

голмани: Матеја Серафимовска, Драгана Петковска, Натапа Антиќ;

крила: Јован Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска;

бекови: Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамоска, Ленида Гичевска, Душица Ѓорѓиевска, Александра Боризовска, Елена Ѓорѓиевска, Маја Трпковска, Ангела Тодоровска, Елена Ливриниќ, Дајана Јовановска, Зорица Десподовска;

пикери: Ивана Гакидова, Марија Николиќ.