Connect with us

Фудбал

Синиша Михајловиќ повторно во болница

Тренерот на Болоња и легенда на српскиот и италијанскиот фудбал Синиша Михајловиќ во јули дозна дека боледува од леукемија, а како дел од лечењето, три пати беше на хемотерапија. Според најновите информации од Италија, Михајловиќ повторно е примен во болница на лекување.

Овој пат ќе биде подложен на антивирусна терапија, која е неопходен чекор по трансплатацијата на коскена срж, соопшти италијанскиот тим Болоња.