Фудбал
Синот на Бартомеу направи хаос со автомобилот пред станот на Хорхе Меси
Хорхе Меси и Хозеп Марија Бартомеу вечерва одржаа разговор кој не го воодушеви баш најдобриот играч на светот.
Имено, претседателот на Барселона јасно изјави дека ставот на клубот е дека тие не сакаат да го продадат Меси, иако тој минатата недела побара раскин на договорот. Меси може да оди само ако некој плати 700 милиони евра за него, што е навистина лудо.
Таткото на Меси, Хорхе, пристигна денес во Барселона и отиде во неговиот стан да се подготви за состанокот. Секако, имаше и голем број новинари кои го следеа секој негов чекор.
Но, во еден момент настана тотална тишина кога го видоа автомобилот на Бартомеу како доаѓа кон нив. Сите мислеа дека станува збор за претседател на Барселона, но се изненадија кога го видоа неговиот син зад воланот во друштво на девојче.
Сепак, подоцна беше објаснето дека тоа не е толку чудно со оглед на тоа што куќата на претседателот на Барселона се наоѓа во близина на станот на таткото на Меси, и дека неговиот син не бил свесен што го чека.
? SURREALISTA
El coche de Bartomeu, sin él dentro, ha aparecido en la puerta del piso de Jorge Messi en Barcelona. Sin entrar en la finca, ha dado media vuelta y se ha marchado. Vía @QueThiJugues pic.twitter.com/D3QCg747uN— Carrusel Deportivo (@carrusel) September 2, 2020