Connect with us

Фудбал

Синот на Роналдињо е на проба во Барселона. Погледнете ги неговите најдобри потези

Синот на Роналдиоњо Жоао Мендес де Асис Мореира (17) повеќе не е играч на бразилскиот Крузеиро. Тој го раскина договорот со бразилскиот прволигаш и отиде на проба со тимот до 19 години на Барселона. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта долго време е во контакт со Роналдињо и го следи својот син затоа што го гледа како потенцијален играч на Барселона во иднина.

Жоао игра на позицијата напаѓач, а на 14 години потпиша за Крузеиро. Додека играше за Крузеиро долго време го криеше својот идентитет за да не добие предност пред другите играчи само затоа што татко му е легенда. Бразилските медиуми наведуваат дека тој сакал да го гради својот пат само според сопствените заслуги, па така донел одлука да замине во Барселона на проба.

Сепак, тој се уште е далеку од воопшто да игра за Барселона, а камоли да ги надмине достигнувањата на неговиот татко. Да потсетиме, Роналдињо за Барселона одигра 210 натпревари на кои постигна 95 гола и ја освои Лигата на шампионите и две титули во шпанското првенство.