Connect with us

Тајмаут

Синот на Роналдо го запозна својот идол Меси

Кристијано Роналдо според очекувањата беше избран за најдобар фудбалер на светот од страна на ФИФА, но хит на свечената церемонија одржана синоќа во Лондон беше ракувањето на неговиот син со Лионел Меси.

Најчестите коментари на социјалните мрежи се дека „Синот на Роналдо го запозна својот идол“.

Роналдо пред две години изјави дека идол на неговиот син е неговиот голем ривал на теренот Лионел Меси.