Connect with us

Други спортови

Сите го обвинија дека се расфрла со пари, но тој изненади многумина

Во време на пандемија на коронавирусот многу спортисти помагаат на најзагрозените категории. Поголемиот дел од нив тоа го прават за самопромоција. Но, има и некои кои без јавноста да знае помагаат.

Многумина го критикуваа дека се расфрла со пари, а ништо не помага, но сепак Флојд Мејведер изненади многумина.

-Ова навистина ме потресува многу. Навистина е тажно да се види состојбата во која светот се наоѓа. Помагам колку што можам светот да биде подобро место за живот. Активно помагам на луѓето колку што можам, но не можам да споделувам цело време дали го правам тоа и што правам. Не мораат сите да знаат, вели Мејведер на Инстаграм.

Богатството на Флојд Мејведер се проценува на 500 милиони долари, а често пати во јавноста знае да се фали со него и да се расфрла со парите.