Фудбал
Сите играчи на Реал излегоа на теренот во дресови со бројот 20
Реал го пречекува Рајо Ваљекано во 36. коло од Примера, а пред натпреварот сите играчи на Реал на теренот излегоа во дресови со број 20.
Притоа тие испратија порака со поддршка до соиграчот Винисиус, Бразилецот кој го носи бројот 20 и кој беше расистички навредуван од навивачите на Валенсија во последното коло. Бразилецот ги доживува истите навреди на речиси сите стадиони во Шпанија и поради тоа се заканува дека ќе ја напушти лигата.
Jogadores do #RealMadrid entraram em campo vestindo a camisa de Vinícius Jr, à frente da partida vs Rayo Vallecano. 🤍
🎥 @MovistarFutbol pic.twitter.com/16Fu6mPTgB
— Portal Blanco (@PortaIBlanco) May 24, 2023
По натпреварот во негова одбрана излезе тренерот на тимот Карло Анчелоти кој истакна дека ваквата ситуација е неприфатлива и дека шпанската лига има проблем со расизмот.
„Винисиус не е проблем, Винисиус е жртва. Што мислите, зошто судијата ја прекина играта? Затоа што публиката му викаше „идиот“ на Винисиус? Не. Судијата го прекина натпреварот затоа што го отвори протоколот за расизам. Кога Винисиус доби црвен картон, целиот стадион почна да пее ‘мајмуне, мајмуне’. Многу сум тажен.“
Винисиус не игра против Реј поради полесна повреда на коленото.