Connect with us

Други спортови

Сите ја обвинуваа дека е машко, а таа освои медал и порача: Овој медал има посебен шарм затоа што ме мразат и не знам ни зошто

Алжирската боксерка Имане Келиф, која е една од главните теми на актуелните Олимписки игри во Париз, синоќа го освои златниот медал победувајќи ја Кинеската Лиу Јанг, а по борбата испрати силна порака до светот. Многумина ја обвинија Келиф дека е маж, иако биолошки е жена, но според првиот човек на Меѓународната боксерска федерација (ИБА), таа има вишок тестостерон и машки XY хромозоми. ИБА суспендираше, но Меѓународниот олимписки комитет донесе поинаква одлука и дозволи на Келиф да се натпреварува во Париз.

По синоќешната победа над Лиу Јанг со одлука на судиите со 5-0, Келиф на прес-конференцијата изјави дека медалот има посебно значење за неа токму поради сите обвинувања со кои се соочи во изминатите неколку дена.

“Овој медал има посебен шарм поради сите напади со кои се соочив. ИБА ме мрази, иако добро ме познаваат. Тие знаат како се подобрував со текот на годините, но не знам ни зошто ме мразат“, рече 25-годишната Келиф, додавајќи:

„Мојата порака до целиот свет е дека треба да се посветите на олимписките принципи и да избегнувате малтретирање и пораки со омраза. Сите ние сме на ова натпреварување за да настапиме како спортисти и најискрено се надевам дека нема да видиме слични напади во иднина“, изјави новиата олимписка шампионка во категоријата до 66 килограми.