Фудбал
Сите клубови од Бундеслигата завршија во карантин
Германската влада даде дозвола на 16-ти мај да продолжи Бундеслигата и втората германска лига. Со оглед на тоа дека извршиле тестови и дека следниот викенд ќе се игра колото, сите клубови од денеска се во карантин. Фудбалерите нема да смеат да се мешаат со никој од надвор, дури и семејствоот.
Играчите, тренерите и останатите клупски работници ке носат маски при доаѓањето и заминувањето од карантин. Во собите ќе биде сместен по едно лице, а контактот ќе се сведе на минимум.