Фудбал
Сите сакаат во САД: Финале од Лигата на шампионите во Њу Јорк
За да стекне уште поголема популарност и за да заработи на друг континент, шпанската Ла Лига сака одреден број на натпревари да ги организира во Соединетите Американски Држави.
Ваквата одлука предизвика бурно негодување кај фудбалерите, но тешко е да се верува дека Ла Лига ќе се откаже од оваа намера.
Покрај Ла Лига и натпреварите од Лигата на шампионите би можеле да се играат во САД, а се шпекулира дека за кратко време ќе се одигра финале од Лигата на шампионите во Њу Јорк.
Според зборовите на Роурес, извршен директор на ТВ компанијата „Медиапоро базиране“ во Барселона, веќе започнаа преговорите за одигрување на „идниот“ најочекуван натпревар од европското клупско натпреварува на друг континент.
„Разговорите и истражувањата за можното организирање на едно од идните финалиња во Лигата на шампионите во Њу Јорк“, откри Родригес во гостувањето во една од каталонските радио емисии.