Connect with us

Фудбал

Сите слават, Баерн Минхен ја полни касата, еве зошто Лигата на шампионите е елита

Заврши групната фаза во Лигата на шампионите, а познати се учесниците во осминафиналето. Клубовите „тријат раце“ од заработката. Сепак, овде германскиот тим е без конкуренција.

Баерн заврши на првото место во Група Б, со сите шест победи, против Тотенхем, Олимпијакос и Црвена Звезда. Само врз основа на резултатите заработија 16,2 милиони евра. Од самото учество 15,2 милиони, а од историскиот коефициент 33,2 милиони. Од пласманот во осминафиналето 9,5 милиони евра. Кога сето тоа ќе се собере, се добива импресивна бројка од околу 75 милиони евра, пишуваат германските медиуми.

Тука не се пресметани приходите од ТВ правата и влезниците, а со тоа за очекување е сумата да биде околу 100 милиони евра.