Connect with us

Ракомет

Сите учества и пласмани на Македонија на ЕП, од петтото место и дочекот на плоштадот, до разочарувањето во Хрватска

Австрија, Норвешка и Шведска се домаќини на 14-тото Европско првенство во ракомет. Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во групата Б, заедно со кодомаќинот Австрија, потоа Украина и фаворитот Чешка.

Првиот меч нашите ракометари ќе го одиграат во Виена против Украина на 10-ти јануари со почеток во 20:30 часот.

До пласманот на ова ЕП Македонија стигна како лидер во квалификациската група со 4 победи едно реми и еден пораз, пред селекциите на Исланд, Турција и Грција.

Ова ќе биде шесто Европско првенство за Македонија. Претходно нашата селекција беше дел од завршниот турнир во 1998-та , 2012, 2014, 2016 и 2018.

Да тргнеме по ред.

ЕП 1998, домаќин Италија, шампион Шведска

На ова првенство, кој имаше поинаков формат од сегашниот, Македонија заврши на 12-то место, или на последната позиција на финалниот турнир. Тогаш освоивме само еден бод, во второто коло против Русија (26:26). Порази доживеавме од Унгарија (29:20), од Хрватска (28:21), од Шпанија (26:19), од Чешка 38:18.

ЕП 2012, домаќин Србија, шампион Данска

-Одлично Европско првенство. Најдобар пласман во историјата, освоено петто место и обезбедени квалификации за Олимписки игри. Нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров првенството го заврши како најдобар стрелец со 61 погодок.  Во првата фаза бевме во група со силните селекции Германија, Шведска и Чешка. Сепак, успеавме да се пласираме во следната рунда како второпласирана селекција, веднаш зад Германија. Учинокот беше реми со Шведска 26:26, пораз од Германија со 24:23 и победа против Чешка во клучниот меч од 27:21.

Во следната рунда Македонија загуби од Данска, а ги сивлада Полска и Србија, но не успеавме да се пласираме во полуфиналето токму поради поразот од Данска.

За петтото место ја восладавме Словенија со 28:27. Првенство за паметење. Потоа и пречек на плоштад „Македонија“ каде имаше илјадници граѓани.

ЕП 2014, домаќин Данска, шампион Франција

-Уште една солидна претстава на нашите ракометари, но сепак не според очекувањата. По она петто место две години претходно апетитите беа поголеми. Сепак, на крајот мораше да се задоволиме со 10-та позиција. Во првата фаза го освоивме второто место веднаш зад Данска, а пред Австрија и Чешка.

Данска повторно беше подобра овој пат со 29:21. Потоа следуваше реми со Чешка 24:24 и победа од 22:21 во клучниот меч против Австрија. Тогаш пренесовме два бода во следната рунда, но попусто кога следуваа три порази. Прво од Унгарија 31:25, потоа Исланд 29:27, па Шпанија 33:22. Во конечниот пласман Македонија заврши на 10-то место. Кире Лазаров имаше добро првенство, но не како она во 2012-та. Сега заврши како 4-ти стрелец.

ЕП 2016, домаќин Полска, шампион Германија

-Послабо првенство од она во 2014-та, па и послаб ранкинг. Едно место подолу, поточно на 11-та позиција. Со оглед на тоа дека три селекции одеа во следна рунда од групата, само поради ремито со Србија и бројот на помалку примени голови, ги продолживме натпреварите во втората рунда.  Во група со Полска, Франција и Србија, завршивме трети. Порази од Франција и Полска, а реми против Србија.

Во втората рунда, каде што имаше две групи по шест тимови, Македонија беше последна. Следуваа порази од Хрватска и Белорусија, па ремито против Норвешка не значеше ништо. Јавноста разочарана бидејќи очекуваше повеќе. Кире Лазаров заврши петти на листата на стрелците со 42 погодоци.

ЕП 2018, домаќин Хрватска, шампион Шпанија

-Ново првенство, со ново разочарување. Фантастичен старт во првата групна фаза. Прво место во групата со пет бодови, без бораз, две победи и реми. На првиот меч победа против Словенија, 25:24, следна на менито Црна Гора 29:28, „шлаг на тортата“ реми со Германија 25:25. Тука почнаа предвидувањата дека Македонија ќе се бори за еден медал. Пренесовме три бода во следната рунда, па со евентуална една победа и реми, ќе имаше полуфинале. Но, разочарување. Прв дуел со Шпанија, убедлив пораз 31:20, малку подобро издание против Чешка, но минимален пораз 25:24 и на мечот против силната Данска веќе беше доцна да се брка било што, па следуваше убедлив пораз од 31:20. На крајот 11 место.