Фудбал
Сити носи нов голман, целта е Навас
Манчестер Сити има право да ангажира нов голман откако резервниот чувар Клаудио Браво доживеа повреда.
Граѓаните останаа на Едерсон и 20-годишниот Даниел Гримшо, но имаат право од Фудбалската асоцијација на Англија да бара донесување на нов голман и тоа на позајмица.
Пеп Гвардиола би го сакал голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас. Костарикаканецот беше првиот избор на кралевите во претходните години, но ова лето доби жестока конкуренција, Тибо Куртоа.
Сити ќе побара од фудбалската асоцијација да им дозволи да донесат нов голман. Навас е нивна прва опција, но исто така мислат и за голманот на Барселона, Каспер Силесен.
Навас има уште две години од договорот со Реал, а прашање е дали сака да го напушти тимот од Мадрид.