Connect with us

Фудбал

Сити со пресврт ја совлада Звезда, ПСЖ го доби дербито, голеада на Барселона

Завршени се натпреварите од првиот ден од Лигата на шампионите оваа сезона. На распоредот беа натпревари од групите Е до Х, а тука ги проследивме и натпреварите кои се играа од 21 часот.

Феенорд – Селтик 2:0 (Стенгс 45+2′, Јаханбакш 76)

Лацио – Атлетико Мадрид 1:1 (Проведел 90+5′ / Бариос 29′)

Со победата Феенорд влезе во групата Е. Холандскиот шампион беше подобар од Селтик, кој во вториот дел заработи два црвени картони.

Вистинско чудо се случи во Рим, каде голманот Иван Проведел постигна бод за Лацио против Атлетико во 95. минута.

ПСЖ – Дортмунд 2:0 (Мбапе (11м) 49′, Хакими 58′)

Пари Сен Жермен со победата над Борусија Дортмунд седна на чело на најсилната група оваа сезона во Лигата на шампионите. Претходно во оваа група Милан и Њукасл одиграа 0:0 на Сан Сиро.

Манчестер Сити – Црвена Звезда 3:1 (Алварез 47′, 60′, Родри 73′ / Букари 45′)

Црвена звезда го шокираше Манчестер Сити со гол кон крајот на првото полувреме, но не требаше многу за Сити да го смени резултатот во вториот дел и да спречи сензација. Не играше Јошко Гвардиол, додека поради повреда отсуствуваше Матео Ковачиќ. Претходно во оваа група Лајпциг на гости го победи Јанг Бојс со 3:1.

Барселона – Антверпен 5:0 (Жоао Феликс 11′, 66′ Левандовски 19′, Батај (аг) 23′, Гави 54′)

Шахтјор – Порто 1:3 ( Келси 13′ / Галено 8′, 15′, Тареми 29′ )

Барселона имаше фантастичен старт на Лигата на шампионите, постигнувајќи дури пет гола против белгискиот шампион Антверпен. Гледавме голеада и во Хамбург каде играа Шахтјор и Порто, а сите четири гола беа постигнати во првиот половина час. Порто до крајот на натпреварот успеа да ја зачува предноста од 3:1.