Connect with us

Фудбал

„Скај Спортс“ се повикува на свои извори: Ова е иднината на Лионел Меси

Угледниот „Скај Спортс“, повикувајќи се на свои извори, блиски до Лионел Меси објави дека Аргентинецот, и покрај недоразбирањата со спортскиот директор Ерик Абидал не сакал да замине од каталонскиот тим. Наводно тој на своите пријатели им се доверил дека сака да остане во Барселона уште, иако се уште не го продолжил договорот кој му истекува во 2021.година и во кој има клаузула дека по завршувањето на сезоната може да замине од клубот.

По отворената кавга со Абидал, дел од каталонските медиуми пренесоа дека Меси поставил ултиматум, нови клупски избори, нов претседател, нов спортски директор, но и нов тренер, во спротивно ќе замине.