Фудбал
Скандал – претседателот на Барселона со години поткупувал судии: Во игра се МИЛИОНИ, обвинителството итно одговори!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта повторно е под истрага! Сега шпанските обвинители го товарат за поткуп, а сето тоа е поврзано со случај кој долго време е во очите на јавноста. Во прашање е случајот на поранешниот судија и долгогодишен лидер на организацијата на судии во Шпанија, Хозе Марија Енрикез Негреира.
Според обвинението, Негреира од Барселона во текот на 17 години колку што бил судија добил дури 7.300.000 евра. Претходно под истрага за незаконски постапки во врска со овој случај беше и поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел.
Во замена за обештетувањата исплатени на компаниите на Негреира низ годините, овој функционер им правел разни услуги на Каталонците и делегирал соодветни судии, дејствувал за да ги олесни казните и суспензиите на Барселона, па дури и договарал тајни состаноци, пишува „Ел Дебат“!
Барселона на неговата компанија „Даснил 95“ и платила огромни суми на пари, а за возврат дури добила совети како фудбалерите на овој клуб да се однесуваат кон секој од делегираните судии. Од друга страна, Барселона, како и Жоан Лапорта, не негира дека се исплатени парите, но тврди дека тоа не е поткуп, туку законска исплата. Клубот изнел одбрана на обвинителот дека Барса фер платила за ваквиот совет!