Connect with us

Фудбал

Скопје живна! 20 илјади публика на стадион за натпреварот со Италија

Дел од навивачите велат дека на ваква атмосфера се сеќаваат кога во Скопје се одржуваше Супер купот кога играа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Скопје живна вечерва, сите патишта водеа кон арената „Тодор Проески“ каде од 20.45 започна натпреварот меѓу нашата македонската фудбалска репрезентација и како гости репрезентацијата од Италија.

Според првичните информации над 20 илјади публика вечерва има на арената што е одлична бројка доколку правиме спореба со останатите натпревари.

Италијанците не се сами, голем број на навивачи има присутни на арената.