Connect with us

Фудбал

„Скромна“ цена одреди Лацио за Милинковиќ-Савиќ

Управата на Лацио и соопшти на гигантите во Европа дека Милинковиќ-Савиќ ќе ги чини нешто повеќе од 100 милиони евра.

Реакцијата на римскиот клуб доаѓа откако двата тима од Манчестер најавија дека би сакале да го ангажираат Милинковиќ-Савиќ уште во текот на јануарскиот преоден рок.

Според пишувањето на медиумите во Италија интерес за српскиот репрезентативец покажале уште Јувентус и Парис Сен Жермен.

Милинковиќ-Савиќ сезонава игра во голема форма, а во Лацио дојде пред две години и во овој период на 86 натпревари има постигнато 14 гола.