Connect with us

Фудбал

Серхио Рамос од следното лето жител на Лондон, дали е можно такво нешто?

Следното лето му истекува договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид. Се уште нема потврди дека почнале преговори за нов договор. Има најави за такво нешто, но договор нема. Тој сака тригодишен договор, но поради годините и возраста, Реал Мадрид одбива такво нешто.

Многу клубови би сакале да го имаат во своите редови со оглед на неговиот квалитет, но во пол позиција наводно е Тотенхем или поточно речено Жозе Мурињо. Двајцата соработуваа одлично кога Португалецот беше тренерна Реал. Интерес има и од ПСЖ, но пореална опција е Тотенхем, тврдат англиските медиуми.

Сепак, тешко е да се поверува дека Рамос ќе замине особено откако неколку пати потенцираше дека сака кариерата да ја заврши во „кралскиот“ клуб. Но, ништо не е невозможно.