Connect with us

Ракомет

Словенија испушти шанса за полуфинале, сега Унгарците се во игра

Селекцијата на Унгарија ја совлада Словенија со 29:28, во натпревар од Групата 2. Словенците со ова пропуштија можност да се пласираат во полуфиналето, а од друга страна, Унгарција со овој триумф се вратија во играч за пласман помеѓу најдобрите четири.

Банхиди беше предводник на Унгарците до победата со 9 погодоци, додека на спротивната страна Доленец имаше еден помалку. Во следното коло Унгарија игра против Шведска, а Словенија против Португалија.