Connect with us

Фудбал

„Смешна“ сума во клаузулата на Ерлинг Халанд

Ерлинг Халанд има клаузула, која нема да важи ова лето. Откако се пресели од Салцбург во Борусија Дортмунд продолжи да ги „тероризира“ противничките одбрани, а сигурно дека големите клубови ќе тргнат во негов „лов“.

Се зборуваше за клаузула која успеале да ја издејствуваат неговиот менаџер Мино Рајола и неговиот татко. Тие барале клаузулата да биде „смешни“ 50 милиони евра, што навистина е малку во однос на тоа какви пари се вртат во денешниот фудбал и какви се бројки се спомнуваат во клаузулите на одредени фудбалери.

Но, Борусија одбивала, па се пронашле некаде на средината, па уфрлената сума е 75 милиони евра. Сепак, таа клаузула нема да важи за ова лето, односно германскиот тим нема да го пушти Ерлинг Халанд по само шест месеци. Клаузулата ќе може да се активира во летото 2021 година.