Connect with us

Фудбал

Смолинг како „мамка“ за Заниоло

Манчестер јунајтед ќе се обиде да го привлече младиот италијански репрезентативец Николо Заниоло, јавуваат италијанските медиуми. Играчот од средниот ред на Рома е еден од најголемите таленти на Апенините, а „црвените ѓаволи“ би можеле да го искористат Крис Смолинг како адут во можниот договор.

Англискиот дефанзивец им се придружи на „волците“ на позајмица пред почетокот на сезоната и остави одличен впечаток со својата игра досега. Рома најверојатно ќе се обидат да го задржат Смолинг, а од „Олд Трафорд“ бараат сума од 15 до 20 милиони евра.