Фудбал
Смртоносен инцидент на тренингот на академијата на Јувентус, голот падна врз дете
Тажна вест од Њујорк, за време на тренинг на најмладите момчиња на Јувентус, Томасо Серасе (9 години) почина на тренинг. IlBianconero откри, ситуацијата е под истрага, но се чини дека мрежата од голот или голот падна врз него.
Детето учествувал во кампот на Јуве, бидејќи тој и неговото семејство живееле во Њујорк. Неговата мајка Барбара Рикарди беше присутна за време на инцидентот. Тие побрзаа малиот Томасо да го одведат во болницата Рузвелт, но лекарите не можеа да направат ништо за да го спасат. Како што претходно беше кажано, инцидентот се испитува од полициската станица во Њујорк.
Ова е многу тажно, целата академија на Јуве моментално е во шок. Почивај во мир Томасо…