Фудбал
Со капитенска лента, но и титула македонски фудбалер влезе во историјата
Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски влезе во историјата на фудбалот на фудбалскиот клуб Сараево, бидејќи е единствен фудбалер кој успеал да освои три титули со оваа екипа. Со капитенска лента на раката го предводеше овој клуб годинава до нова титула, втора во последните три години.
Фудбалската сезона во БиХ е прекината поради коронавирусот, а Сараево е прогласен за шампион како лидер на табелата
Велоски со Сараево освои три титули, 2014/2015, потоа 2018/2019 и 2019/2020.