Connect with us

Ракомет

Со комбиниран состав Македонија ја совлада Грузија

Македонската ракометна репрезентација, и со подмладен состав, ја совлада Грузија со 25:21 во првиот од двата дуела во рамките на ЕХФ неделата.

Капитенот Кирил Лазаров не играше воопшто, Манасков и Талески имаа лимитирана минутажа, па селекторот Данило Брестовац им даде шанса на младите, со тоа што на голот беше искусниот Борко Ристовски. Велковски, Поповски и Пешевски со по 4 гола, беа најефикасни. Утре од 16 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се игра вториот дуел од овој двомеч.