Connect with us

Фудбал

„Со Пјаниќ и Локатели, Јувентус мора да го освои Скудетото“

Интер минатата сезона ја прекина доминацијата на Јувентус во италијанската Серија А.

„Нероазурите“ одиграа одлична сезона и успеаја да стигнат до Скудетото, а Торинската „Стара дама“ на крајот едвај успеа да се пласира во Лигата на шампионите.

Бројни промени веднаш следеа во Торино. Андреа Пирло ја напушти позицијата тренер, Масимилијано Алегри се врати, а клубот наскоро ќе добие неколку нови имиња во тимот.

Во средниот ред на торинскиот гигант очигледно ќе бидат и репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ и одличниот италијански репрезентативец Мануел Локатели.

Во тек се преговори за доаѓањето на овие фудбалери. И двајцата се во завршна фаза и наскоро сè треба да биде готово.

Италијанската јавност е убедена дека со Пјаниќ и Локатели, Јувентус едноставно мора да го освои трофејот следната сезона.

„Јувентус ја призна грешката при отпуштањето на Алегри пред две години. Тие ја признаа таа грешка. Алегри се врати по свои услови. Со доведувањето на Пјаниќ и Локатели во тимот што го има сега, тој едноставно мора да ја освои титулата“, изјави поранешниот судија Џанлука Папареста.

Истото мислење го има и поранешниот менаџер на Парма, Антонело Преити.

„Алегри добро го познава Пјаниќ затоа што работеше со него две сезони. Со Пјаниќ и Локатели, Јувентус ќе биде главниот кандидат за титулата и веројатно најсилниот тим на шампионатот“, истакна Преити.

Ситуацијата околу Пјаниќ и Локатели треба да се реши во наредните денови, а овие фудбалери очигледно ќе станат членови на Старата дама од Торино.