Connect with us

Фудбал

Со Руд Ван Нистерлој на клупата, Манчестер Јунајтед ја наполни мрежата на противникот (ВИДЕО)

Руд Ван Нистерлој за прв пат го предводеше Манчестер Јунајтед од клупата како главен тренер, откако Тен Хаг заработи отказ. Како што е познато тој му беше асистент. Во мечот од ФА Купот, Јунајтед го совлада Лестер со убедливи 5:2. Касемиро и Фернандеш по два и еден Гарначо, беа стрелци на головите. Сепак, не се знае дали на Руд Ван Нистерлој ова ќе му биде единствен меч како главен тренер на клупата на Јунајтед, бидејќи „Црвените ѓаволи“ се договориле со Аморим, досегашен тренер на Спортинг Лисабон, но не е познато кога ќе ја превземе клупата на англискиот гигант.