Connect with us

Фудбал

Соиграч на Барди нема да игра против Билбао, треба да работи за изборите?

Соиграчот на Енис Барди во Леванте, голманот Аитор Фернандез Абарискета, најверојатно ќе треба да го пропушти натпреварот со Атлетик Билбао в недела, бидејќи треба да работи во изборна комисија.

Аитор е одреден за заменик на претседателот на изборната комисија во родниот Мондрагон во покраината Баскија, па тоа му е граѓанска должност кон државата која мора да ја исполни, освен од некои исклучителни и оправдани причини.

Правната служба на Леванте се обидува да докаже дека играњето натпревар е оправдана причина за голманот да не се појави на броењето гласови. И Хорхе Мирамон беше избран за член на изборна комисија во Сарагоса, но жалбата на Леванте беше усвоена и тој е ослободен.