Connect with us

Фудбал

Солскјер и Мурињо не го сакаат, но доби повик од Италија

Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунер Солскјер не смета на услугите на Немања Матиќ, Мурињо не го сака во Тотенхем, иако медиумите објавија такво нешто, сепак има клуб кој го сака српскиот интернационалец.

Според информациите Антонио Конте дал „зелено светло“ на раководството во јануари да го ангажираат Немања Матиќ. Токму средниот ред се покажа како најголема „болка“ на Интер особено откако се повредија Сенси и Барела. Најновите информации од Италија велат дека за следниот дуел од Серие А кој се игра против Џенова, Конте нема да може да смета ниту на Марсело Брозовиќ.

Иако Интер бележи добри резултати сезонава, сепак очигледно е дека нема доволен број квалитетни фудбалери за ротација, а изборот за засилување на средниот ред наводно паднал на Немања Матиќ.