Connect with us

Фудбал

„Сомнителна“ победа на Ливерпул?!

Екипата на Ливерпул ја завери и 9. победа во Премиер лигата совладувајќи го со 2-0 славниот Фулам со головите на Салах и Шакири.

Сепак многу дилеми предизвика моментот кога Митровиќ постигна се чини регуларен гол за Фулам но судиите го поништија поради офсајд. По само 5 секунди следуваше контранапад на Ливерпул и гол на Салах.
Овој момент повторно ги разбуди страстите во Англија особено кај приврзаниците за воведување на ВАР технологијата.