Connect with us

Фудбал

Сон суспендиран три меча, Мурињо ќе се жали

Фудбалерот на Тотенхем Хонг-мин Сон е суспендиран на три меча поради исклучувањето кое го заработи на мечот со Челзи. Ова е голема казна, барем според реакциите на тренерот Жозе Мурињо. Тој најави жалба бидејќи смета дека неговиот играч е престрого исклучен.

Исклучувањето на Сон се случи откако беше прегледана ВАР снимката.

Сон нема да игра на мечевите со Брајтон, Норич и Саутемптон.