Connect with us

Фудбал

Сопругата на Антонио Конте за закaнувачкото писмо: Тоа е лага

Италијанските медиуми пренесоа дека Антонио Конте добил заканувачко писмо, а во него куршум. Објавија и дека полициски патроли го чуваат неговиот дом и тренинг кампот на Интер.

Сепак, неговата сопруга вели дека приказната за куршумот е лага.

-Во Италија станавме исклучително лоши во комуникацијата. Луѓето стануваат наутро, нешто измислуваат и пишуваат. Никој повеќе не размислува за последиците, порачува Елизабета, сопруга на Конте.

Сепак, Интер потврди дека постои такво писмо.

– Интер сака да разјасни дека Антонио Конте лично не добил никакво заканувачко писмо и следствено самиот не отишол во полиција. Клубот беше тој што доби писмо и како што е протоколот во овие случаи го достави до надлежните органи, се вели во соопштението.