Connect with us

Фудбал

Сопругата на Икарди повторно во „Тики-така“, овој пат „мета“ Лукаку

Ромелу Лукаку дојде од Манчестер Јунајтед во Интер, како замена за Мауро Икарди, кој поради темпераментот и несогласувањата со тимот е испратен на позајмица во ПСЖ, а најверојатно ќе биде и продаден.

Неговата сопруга Ванда Нара, која воедно е и негов менаџер има голема вина што Икарди не е дел од „Нероаѕурите“ оваа сезона. Токму таа е причината поради која фудбалерот влезе во конфликт со раководството, но и потоа со навивачите.

Неговата замена Лукаку игра одлично и веќе ги освои симпатиите на навивачите на Интер. Сепак, Ванда Нара не пропушти да го искритикува.

Таа во емисијата „Тики-така“ порача:

-Би било добро да го видиме Лукаку и на големите мечеви. Тој нема гол во Лигата на шампионите, а нокаут фазата ќе ја гледа на ТВ, изјави Нара.

Таа потоа додаде:

-Јас сум голем фан на Интер, но не можам да се помирам со непочитувањето кое го покажаа кон последната 9 на клубот, која постигна 150 голови.