Кошарка
Сопругата на Коби Брајант бара 100 милиони долари
Порталот „The Blast“ објави дека Венеса Брајант, сопруга на легендарниот кошаркар кој загина во хеликоптерска несреќа Коби Брајант, бара обештетување од 100 милиони долари. Венеса одлучи правдата да ја бара на суд, па ја тужи компанијата чиј хеликоптер се урна, а во трагедијата освен Коби Брајант, загина и неговата ќеркичка, како и уште седум други патници заедно со пилотот.
Таа обвинува дека одговорните не ги собрале сите податоци за времето на полетување и дека не го одложиле летот откако дознале за лошите временски услови и за густата магла.