Connect with us

Кошарка

Сопругата на Коби Брајант ќе добие 200 милиони долари, еден потег бил пресуден

Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка и уште седум други лица, зад себе оставил големо богатство. И, не само тоа. Тој знаел да вложува во бизниси, па барем од таа гледна точка на неговото семејство нема да му недостигаат финансии за да живеат.

Како што пишуваат американските медиуми, вдовицата на Коби Брајант, Ванеса ќе добие 200 милиони долари.

Коби пред осум години инвестирал во компанија,која го лансирала спортскиот пијалок „Body Armor“. Сега таа компанија вреди 2 милијарди долари, а поради тоа што Коби инвестирал, дел од приливот сега ќе добие неговата сопруга.

-Марката не би била на оваа позиција доколку Коби не веруваше во овој проект. Неговите отпечатоци се насекаде, изјави основачот на компанијата Мајк Репол.