Connect with us

Други спортови

Сопругата на Шумахер со порака до фановите

Фановите на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер и натаму не се во можност да слушнат никаква вест за неговата состојба. Иако интересот е голем, сепак неговото лекување се чува во строга тајност.

Но, неговата сопруга Корина Шумахер се огласи во една од групите каде што се дава поддршка на големиот Шуми. Пораката делуваше мистериозно.

-Големи работи почнуваат со мали чекори. Мали парчиња кои може да создадат голем мозаик“, пишува во пораката на Корина.

Сепак, со оглед на тоа дека не дава изјави, нема објаснување што точно значи оваа порака.