Connect with us

Фудбал

Сопственик на италијански клуб суспендиран четири месеци, неговата ќерка исфрлена од италијанскиот фудбал

На Сампдорија не и оди најдобро оваа сезона, или поточно речено бележи лоши резултати. Тие се на само еден бод од зоната за испаѓање.

Италијанските медиуми информираат дека Масимо Фереро, сопственик на клубот е суспендиран четири месеци поради лажни трансакции. Фереро од клубот земал пари, преку милион евра и ги вложил во компанија поврзана со неговата ќерка. Подоцна е откриено дека парите бил наменет за изградба на спортски центар, кој секако не бил изграден.

Покрај суспензијата на Фереро, Сампдорија е казнета со 15 илјади евра, додека неговата ќерка нема да може веќе да работи во италијанскиот фудбал.