Connect with us

Фудбал

Сопственикот на Џенова до Пандев: Ако сакаш на ЕП остани во Џенова

Горан Пандев најавуваше пензионирање, но сепак тоа е одложено пред се поради тоа што неговата желба е да игра со Македонија на ЕП, а со оглед на тоа дека има шанси преку Лигата на нации, за пензионирањето ќе треба да почекаме.

Истата порака му ја испратил првиот човек на Џенова, Енрико Прециози.

-На последната средба му реков: Сакаш ли да играш на Европско Првенство? Тогаш остани тука колку сакаш. Пандев е еден од најсериозните и најпрофесионалните играчи кои што сум ги сретнал, вели тој.

Пандев во сезоната 2019/2020 одигра 22 натпревари и постигна седум гола.