Connect with us

Кошарка

Спасојевиќ на местото на Џенсен во тимот на МЗТ Скопје

Црногорскиот интернационалец Радосав Спасојевиќ (25 год. 204 см.) е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со шесткратниот македонски шампион со важност до крајот на сезоната.

Спасојевиќ игра на позицијата силно крило, каде што ќе им биде од голема помош на Бојан Трајковски и Јуре Лалиќ во битката под кошевите. Минатата сезона настапуваше за Мега Бемакс за која одигра 19 натпревари во АБА-лигата со просек од 9,9 поени и 3,5 скока.

– Црногорецот доаѓа на местото на Американецот Даниел Џенсен, кој не ги оправда очекувањата на стручниот штаб, поради што со взаемна согласност беше раскинат договорот со него, соопшти МЗТ Скопје.

Пред Мега, Спасојевиќ две сезони настапуваше за Сутјеска, а има играно уште и за австриска Аркадиа и шпански Овиедо.