Connect with us

Фудбал

Спектакл во осминафиналето на Лигата на шампионите: Реал против Ливерпул, ПСЖ против Баерн

Се одржа ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите. Веќе во раната фаза од натпреварувањето ќе гледаме реприза на минатогодишното финале помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, а исто толку силен дуел ќе има и Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.

Двојки од осминафиналето во Лигата на шампионите:

РБ Лајпциг – Манчестер Сити
Клуб Бриж – Бенфика
Ливерпул – Реал Мадрид
Милан – Тотенхем
Ајнтрахт Франкфурт – Наполи
Борусија Дортмунд – Челзи
Интер – Порто
Пари Сен Жермен – Баерн

Да додадеме дека во првите осминафинални натпревари сите носители ќе одат на гости, додека реваншот ќе се игра на домашен терен. Првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите ќе се играат на 14, 15, 21 и 22 февруари, а реваншите на 7, 8, 14 и 15 март.