Фудбал
„Специјалниот“ во акција: Мурињо „украде“ големо засилување од Манчестер Јунајтед
Мурињо реши да се обиде да украде големо засилување од Манчестер Јунајтед, а според англиските медиуми тоа му успеало.
Имено, иако скоро сè беше договорено помеѓу Регилон и Манчестер Јунајтед, Мурињо во последен момент реши да го „привлече“ играчот во неговиот клуб.
За него нема место во Реал Мадрид, а се очекуваше во наредните денови се да биде готово со Манчестер Јунајтед.
Сепак, според англиските медиуми, Мурињо успеал да го убеди Регилон да се пресели во Тотенхем, и наскоро сè ќе биде официјално.
Поголемиот дел од информациите ги пренесе познатиот англиски новинар Дејвид Орнштајн, а останува да видиме за кој клуб на крајот ќе потпише Регилон.