Фудбал
Списокот на Игор Ангеловски за натпреварите со Италија и Лихтенштајн
Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски одбра 23 фудбалери за двата последни натпревари против Италија (6. октомври во Торино) и Лихтенштајн (9. октомври во Струмица) од квалификациите за СП 2018 година во Русија.
Собирот на А репрезентацијата на Македонија е закажан на 2. октомври во 12:00 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.