Connect with us

Фудбал

Спречен терористички напад пред натпреварот ПСЖ-Бордо

Француската полиција во саботата спречила терористички напад во близина на стадионот на ПСЖ, „Паркот на принцовите“.

Како што пренесуваат француските медиуми, неколку часа пред првенствениот натпревар помеѓу ПСЖ и Бордо била пронајдена експлозивна направа. Бомбата била составена од четири различни цилиндри натопени во бензин, а детонаторот бил поврзан со мобилен телефон.

Експлозивната направа бил пронајдена од локален жител, околу 4:30 часот. Тој веднаш ја алармирал полицијата, која уапсила пет лица вклучувајќи една жена поврзана со радикални славистички групи. Од уапсените, едно лице требало да биде под полициски надзор.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Коломб, открил дека од почетокот на годината низ државата биле спречени 12 терористички напади.

Инаку, натпреварот ПСЖ-Бордо го следеа нешто повеќе од 50.000 луѓе, а заврши со победа на домашниот тим од 6:2.