Connect with us

Фудбал

Србија и Хрватска ги потценија противниците и не осигураа пласман.

Хрватска и Србија имаа шанса како фаворити да го решат случајот и да си осигураат место во Русија, Србија загуби од Австрија, а Хрватска ремизираше со Финска за комплицирање на ситуацијата во нивните квалификациски групи.

„Орлите“ не успеаја од Виена да полетаат за Русија, откако Австрија се врати од негатива за импресивна победа. Србија водеше со 0:1 со голот на Миливоевиќ, но Австријците направија пресвт за 2:1 со головите на Бургшталер и Арнаутовиќ. Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ во 84. израмни за Србија, пред Шауб во 90. минута да ја потврди победата и да разочара 20-тина илјади гостински навивачи на „Ернст Хапел“.

Србија, уште е прва во својата група со 18 поени, еден повеќе од Велс и два пред Република Ирска. Во последниот квалификациски меч, Србите играат со Грузија на домашен терен, а Велс и Ирска имаат меѓусебен дуел за бараж или директен пласман.