Connect with us

Кошарка

Србија се врати од -24, ја победи Австралија и сега го чека дрим-тимот на САД во полуфиналето на ОИ

Српските кошаркари се пласираа во полуфиналето на турнирот на Олимписките игри во Париз откако денеска во четвртфиналниот натпревар ја совладаа Австралија со резултат 95:90. Иако Србија подобро го отвори натпреварот, првата четвртина целосно и припадна на Австралија која имаше 14 поени предност. Австралија во втората четвртина продолжи да погодува речиси се што се обидуваше, па предноста во еден момент изнесуваше неверојатни 24 поени (44:20). Сепак, Србија успеа малку да се извлече, па додека заминаа на одмор, ја намалија негативата на минус 12 поени. Во продолжението од играта Србија се прероди и во средината на третата четвртина дури успеа да го сврти резултатот (61:60). До влегувањето во последната четвртина главно беше кош по кош.

Во слично темпо се играше и во последната четвртина, во која Србија секогаш имаше минимална предност. Сепак, по драмата на крајот, брилијантниот Милс ја спаси Австралија и го одведе мечот во продолженија. Следуваше нова драма, а во неа Србија подобро се снајде и на крајот успеа да ги совлада упорните Австралијци и да победи во следната рунда на олимпискиот турнир. Најдобар кај Србија беше Никола Јокиќ кој постигна 21 поен и 14 скока, додека Богдан Богдановиќ постигна 15 поени. Кај Австралијците најдобар беше Пари Милс со 26 поени, а Џош Гиди постигна 25. Србија во полуфиналето на олимпискиот турнир ќе игра против победникот од мечот помеѓу Бразил и Соединетите Американски Држави, а според се вистински шок беше тоа што не беше селекцијата на Америка.