Connect with us

Други спортови

Сребрен медал за Мојсовска на турнирот во Риека

Каратистката на Макпетрол, Ангела Мојсовска го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција на силниот Меѓународен турнир „Кроација опен“ викендов во Риека.

Мојсовска до медалот стигна со три победи и еден пораз. Таа во првото коло ја совлада Деси Рубини од Италија со резултат 6-1, потоа во второто коло ја победи Јована Вулиновиќ од Србија со 3-1 и во полуфиналето беше подобра од Џулија Каната од Италија 3-0. Во финалето Ангела загуби од домашната натпреварувачка Хрватската стандардна репрезентативка, Ивана Бебек со резултат 1-3.

Мојсовска се натпреваруваше и во конкуренција на помлади сениори У21, во истата категорија -68 кг. Во оваа конкуренција таа се бореше директно за бронзениот медал, но не успеа да го освои и беше петто пласирана.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски задоволен од резултатот на Мојсовска.

– На овој турнир Мојсовска покажа добра подготвеност и голема зрелост, таа имаше осум борби и успеа да освои сребрен медал во сениорска конкуренција иако е јуниорка. Поради тоа јас сум многу задоволен од нејзиниот настап. Сега останува во следниве 20-тина дена да ја подигнеме формата кај сите наши спортисти и да ги испратиме максимално подготвени на светското првенство во Шпанија, истакна Заборски.

На турнирот во учествуваа 1.729  спортисти од 28 држави.