Фудбал
Сребро без сјај, во Франција откажан пречекот на фудбалерите
Денешниот пречек на француската фудбалска репрезентација, која во неделата загуби од Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар, е откажан во Париз, пренесува француската прес-агенција АФП.
Според претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ) Ноел Ле Грает, по слетувањето во татковината, фудбалерите само сакаат да си одат дома.
Како што е познато, Франција загуби на пенали од Аргентина во финалето и не усепа да ја одбрани светската титула освоена пред четири години.