Connect with us

Тајмаут

Средба за вечност: Новак Ѓоковиќ и Лионел Меси заедно во САД

Новак Ѓоковиќ по неколкугодишно отсуство се врати на УС Опен, а работната посета на САД ја искористи да го види Лионел Меси, еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Двајцата мажи, кои се познати по доминацијата во нивните спортови, се сретнаа претходно оваа година за време на Отвореното првенство на Франција, додека Лионел Меси играше за францускиот ПСЖ.

Ѓоковиќ потоа го запознал Меси со своите деца, а таму бил и Нејмар .

Сега дуото повторно се најде заедно. Ним им се придружи Хорхе Мас, еден од сопствениците на Интер Мајами .

Лионел Меси беше во Њујорк на натпреварот кој Интер го игра против Њујорк Ред Булс, додека Ѓоковиќ во понеделник на 28 август го очекува меч во првото коло на УС Опен против Французинот Александре Мулер.