Connect with us

Други спортови

Српските одбојкари одбија да играат со тимот на Косово!

Српската одбојкарска репрезентација на плажа одби да игра против селекцијата на Косово на Балканското првенство во Турција.

Нишлија Вукашин Рајковиќ и Марко Макариќ од Нови Сад го сочинуваат првиот тим на Србија.

Како што информираат од Одбојкарската федерација на Косово, селекцијата на Србија не излегла на терен, па Косово без борба се пласираше во четвртфиналето на натпреварувањето.

Во борбата за полуфинале играа со селекцијата на Молдавија и загубија, а потоа пред да продолжи натпреварувањето, Молдавците тренираа со српските одбојкари и со селекцијата на Турција.